|

ПОЖАРИТЕ ШТО БЕСНЕАТ ВО РУСИЈА СЕ НАЈГОЛЕМИ ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА

Повеќе градови во Русија се обвиткани со густ чад од огромните пожари што се шират низ Сибир. Воздушниот сообраќај е нарушен, па некои летови се откажуваат поради слабата видливост.Чадот од огновите во Сибир пристигна до бреговите на САД и Канада.

Пожарот зафати 3 милиони хектари површина, според надлежните официјални информации. Претходно, претседателот на Русија Владимир Путин, нареди армијата да се бори од воздух против пожарот, заедно со приближно 2.700 пожарникари кои веќе се справуваат со пламенот од земја.



Слични Објави