Пратенички прашања денеска во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува

//

Во Собранието на Република Македонија денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи седницата за пратенички прашања, на која претставници на Владата ќе даваат информации побарани од народните избраници.

На седницата, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да се појават пратениците од најголемата опозициска партија.

Иако според вообичаената практика седницата за пратеничките прашања се одржува последниот четврток од месецот, поради учеството на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос минатата седмица, таа седница мораше да се помести.



Според Деловникот за работа на Собранието, прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство.

Извор: Мета

Претходна статија

Столтенберг: Покана за Македонија по заеднички договорено решение за името

Следна статија

Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Најново од Вести