Прејадени-нема

Зад нас е „најлудата ноќ“. Ако јас се прашувам, сите други денови и ноќи во оваа моја безнадежно вечна транзициска татковина се полуди, во секоја смисла на зборот. Можам единствено да признаам дека оваа ноќ беше најгласна, ако веќе треба да ѝ се закачи некој суперлатив. Во посебностите на првиот новогодишен ден го вбројувам и извештајот од Клиниката за токсикологија – пријавени се 27 случаи со интоксикација од алкохол, прејадени – нема. Неколку пати ја препрочитав веста фасцинирана од констатацијата дека ПРЕЈАДЕНИ – НЕМА! Што само по себе е некаква политичка или социјална симболика за изминатата 2017 година во која немаше прејадени. За разлика од прејдени или прејадосани, на пример, кои никој не ги брои или евидентира. А, знам дека ги имаше… (Прочитајте го целиот напис овде)