ПРЕКУ ЛАЖЕН Е-МАИЛ ГИ ПЛАШАТ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19, ОД ЛАЖНА АДРЕСА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

/

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистина содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, пренесува Плусинфо.

Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај.

Скопјанка која добила таков маил, реагирала веднаш до Министерството за здравство.

– Во маилот што го добив пишува дека сум имала контакт со заболен од корона вирус и дека ме предупредуваат во врска со тоа. Прво се исплашив, па потоа се јавив во Министерството и ми олесна кога ми кажаа дека е лажен маилот – раскажува за Плусинфо оваа 45-годишна жена.



Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk.

– Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.

Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество – додаваат од Министерството.

Претходна статија

(ВИДЕО) КАКОВ ЕФЕКТ ИМААТ МАСКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ?

Следна статија

МЕНДУХ ТАЧИ СМЕТА ДЕКА ИЗБОРИ МОЖЕ ДА ИМА ВО ЈУНИ

Најново од Вести