|

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во сабота ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час). Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.

Слични Објави