Причини за појавата на желба за секс со поранешниот партнер

/

Постојат илјадници приказни. Повеќето луѓе иако се чувствуваат засрамени и лути од својата постапка тие сепак повторно и повторно спијат со своите поранешни партнери. Оваа акција секогаш провоцира збунетост и вознемиреност. Погледнете кои можат да бидат причините кои бе ве натерале да го направите тоа:

1. Имате желба за сексуален контакт со некого
Ова е главната причина за многу луѓе. Иако за некои тоа е желба само за лесен физичко допир. Допирањето е од суштинско значење за нашата благосостојба и сексуална интимност така што го зголемува вкупното задоволство од животот и среќата. Кога се допираме ослободуваме мали количини на окситоцин…

2. Секс за конечна разделба
Ова се случува со многу луѓе кога нивните односи се „комплексни“ и најчесто завршуваат со збунетост. За некои, сексот за разделба води до конечен крај. За други пак уште повеќе ги комплицира работите за понатаму. Често е невозможно да се добие целосен крај, бидејќи врската на овој начин „завршува“ од различни причини и луѓето не секогаш се согласуваат зошто работите имаат таков исход.

3. Разделбата е помалку сурова 
Особено во случај на долга врска. Премногу чудно е одеднаш да исчезне некој кој бил дел од нашиот живот долго време.



4. Осаменост
Ги чувствувате вашите поранешни партнери како многу блиски луѓе. Создавањето на нови односи бара време.  Новиот човек во вашиот живот треба да го запознаете емоционално и физички. Затоа често луѓето се враќаат на „старите“ познати луѓе. Сексот со поранешниот партнер ја ублажува осаменоста за момент, но сепак тоа ги комплицира работите и го успорува процесот за во  иднината. Впрочем, морате да се навикнете да бидете сами, дури и за краток период. Во некои случаи, сексот води до крај, но во други случаи доведува до конфузија, болка и негативни емоции.

Претходна статија

Cinque Terre или пет прекрасни села

Следна статија

2018 ДЕТРОИТ МОТОРШОУ: Mercedes-Benz G класа

Најново од Љубовни приказни