| |

ПРИКАЗНИ ОД БУЛЕВАРОТ: DAY OFF ПОДАРИВТЕ СОЛЗИ!!!

Колку сме само обезлуѓени.Сокриени во своите школки и вештачки маски, да си ја прикриеме бедата човечка, му продаваме на светот вредности, лажна хуманост за пред камери, за купен аплауз, за себепромовирање….А кои сме всушност ние? Или дел од нас? Вчера бев сведок на еден грозен, нечовечки чин, во еден скопски локал, кој нема да го споменам затоа што веројатно и самите сопственици немаат вина за случката.
Тезгарошите од бендот DAY OFF кои за мене од вчера се FUCK OFF, успеаа на натажат, да расплачат едно девојче со слаба попреченост во развојот, и нејзината самохрана мајка. Ај што одбија да ја отпеат песната happy birthday.. за која беа љубозено замолени, и ќе им одземеше нецели 30 секунди за девојчето да добие своја честитка, успеаа и да направат театар од настанот, па и да се потсмеваат од микрофоните, да се лигават, да праат грозни шеги, од кои девојчето и самохраната мајка со солзи го напуштија локалот.
Џабе ви е се, шутраци!!! Тоа што не е дадено да го имате како луѓе, не се купува. Од денес лично ќе ги бојкотирам објектите во кои свирки ќе држат FUCK OFF, а сопствениците кои се известени за оваа сељачка лакрдија, очекуваме да си го исчистат локалот од лош инвентар и да си го сочувааат својот углед!

Приказни од булеварот

Слични Објави