Природна маска за лице против акни и проширени пори

/

Нечистата кожа со акни е проблем со кој многумина мораат да се справуваат. Овде ви ја приложуваме најефикасната маска за лице против акни и стеснување на порите која можете сами да ја направите дома:

Измешајте 5 лажици мед со 2 лажици цимет, додадете и една лажица мускатно оревче и сок од еден лимон. Медот и мускатното оревче делуваат како природни антибиотици кои се борат против воспалителните процеси, циметот е одличен за пилинг на кожата, а лимонот е силен антиоксиданс. Маската може да ја држите на лицето околу половина час и подолго, бидејќи сите состојки се природни. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и за брзо време ќе ги видите резултатите.



Претходна статија

Оман- исклучителна егзотика, традиционална арапска култура и мистицизам

Следна статија

Розовиот Нов Зеланд (ГАЛЕРИЈА)

Најново од Магазин