ПРИШТИНА НЕ ГО САКА БЕЛГРАД ВО ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВОТО НА ИВАНОВИЌ
Шефот на канцеларијата за Косово во Владата на Србија Марко Ѓуриќ во вторник изјави дека Белград нема да учествува во дијалогот со Косово додека Србија од Косово не ги добие одговорите за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби.
Ѓуриќ за RTS рече дека бројни информации до кои дошле српските истражни органи укажуваат на сериозна и широка организација и дека информациите пристигнуваат секој час.
„Од минута во минута добиваме се повеќе информации, и се повеќе сум уверен дека ова не потекнува од нашата земја и сигурно не од Србите во Косово. Ние не бараме и не молиме, туку очекуваме дека косовските органи мора веднаш да ги пронајдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата“, вели Ѓуриќ. (Прочитајте го целиот напис овде)