|

Притвор за сопственикот на „ДоказМ“, однесен е во затворот во Шутка

Маријан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „Макфакс“.

Судијата на претходна постапка, Пајазит Пајазити, му одредил мерка притвор во времетраење од 8 дена поради тоа што ги смета за основани сомневањата на Обвинителството дека Стаменковски може да се даде во бегство.

Претходно, јавен обвинител побара притвор за Стаменковски. На товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет-портал преку кој, како што информираа од Обвинителството, искористувајќи познанства и релации со разни профили на лица, преземал противправни дејства во континуитет. Се додава дека Стаменковски се служел со сопствениот интернет-портал знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледлива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи.

Слични Објави