ПРИТВОР ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА „ДУРМО ТУРС“ СЕ БАРА ПРИТВОР И ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ

Вести Истакнато Македонија

Судија на претходна постапка предмалку изрекол мерка притвор за прво и второосомничените за несреќата кај Ласкарци, односно за Дурмиш Белули, сопственикот на “Дурмо Турс” и раководителот вработен во неговата фирма, објави ТВ24.

За третоосомничениот, кој е еден од одговорните лица во компанијата е изречена мерка куќен притвор.  За останатите осомничени се очекуваат одлуките во следните неколку часа.

Обвинителството бараше и притвор за возачот на црвениот автобус Маноил Трифуновски.

Скопското обвинителство покрена истрага против седум лица како одговорни за катастрофалната несреќа во која загинаа 15 патници.

Извор: Курир