|

Приведен дилер од Скопје, пронајдени различни видови дрога

Вчера во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје, информираат од МВР.

Кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични Објави