Приведен крадец од Скопје: 17-годишник извршил тешка кражба во Аеродром

/

Вчера, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром, е приведен 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.





Претходна статија

На есен можни рестрикции за невакцинираните

Следна статија

На 2 август (Илинден) во Благоевград ќе биде откриен споменик на Мара Бунева

Најново од Вести