ПРИВЕДЕНИ 24 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ ВО НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС
Полицијата на Нов Јужен Велс приведе 24 лица осомничени за намерно предизвикување пожари. Во ова австралиска држава досега загинаа 18 лица. Осомничените ризикуваат затворски казни до 25 години, ако се докаже дека подметнувале пожари.
Од 8 ноември полицијата презела акции против 183 луѓе поради пожарите.
Речиси пет милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс од септември, и уништени се 1482 куќи и убиени стотици милиони животни и добиток.