ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ПОЛСКА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА АБОРТУС

//

Активистките за женски права и неколку илјади луѓе кои ги поддржуваат, и вчера, петти ден по ред протестираа ширум Полска поради измените на законот за абортус.

На улиците во Варшава излегоа воглавно млади демонстранти и го блокираа собраќајот за време на најголемата гужва.

Во Краков демонстрантите извикуваа „Ова е војна“.

Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот.



Одлуката на судот сè уште не стапи во сила, бидејќи сè уште не е официјално објавена.

Невладината организација Федерација на жени и планирање на семејството соопшти дека годишно во Полска се извршуваат од од 100.000 до 150.000 абортуси, од кои некои илегално, а некои во странство.

Претходна статија

ВО ЧАИР ВЧЕРА САНКЦИОНИРАНИ 131 ВОЗАЧ

Следна статија

ТИНЕЈЏЕР ОД СКОПЈЕ СО НОЖ НАПАДНАЛ ОХРИЃАНЕЦ ВО КАМПОТ ЉУБАНИШТА

Најново од Вести