|

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=6

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од среда ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд. <

Слични Објави