|

Пронајдена дрога и пиштол, приведен дилер

Денеска во 01.15 часот на ул.“Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје,

Кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол “берета“ за кој не поседувал дозвола. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични Објави