ПРОВЕРЕНИ ПРИРОДНИ СРЕДСТВА ПРОТИВ КОМАРЦИ

///

Комарците се мали, но многу досадни инсекти кои се способни да ви го расписат задоволството од прошетката во природа или од обичната летна вечер помината на терасата. Индустријата произведува голем број средства против комарци, но ние знаеме дека некои од нив предизвикуваат алергии и главно не се препорачани за честа употреба. За оваа цел предлагаме список на проверени природни средства за борба.

Со етерични масла против комарците

За да се ослободите од комарците, мушичките и крлежите ќе ви помогнат етеричните масла од: чајно дрво, еукалиптус, каранфилче, темјан и лаванда.

Ако вашата кожа добро поднесува масло, може да измешате 20 капки од било кое од наведените „масла против комарци“ со 30 грама со било која маслена база (најдобро: масло од семки од грозје) и да го нанесете на голите делови на телото. Може да го збогатите „маслото против комаци “ уште со детско масло, крем или вазелин по ваш избор. Понекогаш е доволно од оваа смеса само да ставите во пределот на вратот.

Во куќите, становите или викендиците може да ставите од оваа смеса во арома лампи и да ја поставите близу отворените прозорци. Уште еден убав трик е да натопите салфетка во смесата и да ја оставите покрај постелата.

Со каранфилче против комарци

Проверено, едно од најефективните средства за борба со комарците е карнфилчето, популарниот зачин чии специфичен мирис е пријатен за човекот, но е неподнослив за инсектите.

Едно чајно лажиче каранфилче ставете во сад со ладна вода, на тивок оган оставете нека зоврие. Почекате да се олади и процедете го. Со памук нанесете од оладената смеса на отворените делови од кожата. Со неа исто така напрскајте ја облеката. На овој начин со сигурност ќе си обезбедите заштита на неколку часа.



Каранфилчето може да го искористите како замена за скапите електричните средства за заштита од комарци и популарните спирали. Исечете лимон на дебели кригови и боцнете ги во нив сувите цветовите од каранфилчето (како што е покажано на сликата). Поставете ги насекаде низ куќата,  особено покрај постелата и инсектите нема да ви додеваат.

Среќно!

 

 

 

 

Претходна статија

СДСМ : ПОСЛЕ 11 ГОДИНИ КРИМИНАЛНО ВЛАДЕЕЊЕ , ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЗБОРУВА ЗА МАФИЈА ?

Следна статија

ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ПРИЈАТЕЛСТВОТО ПОМАГА ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА УМСТВЕНОТО И ФИЗИЧКОТО ЗДРАВЈЕ

Најново од Истакнато