„ПРВ ДО ВРВ“ ОРГАНИЗИРА ВИРТУЕЛНИ ТРКИ НА ВОДНО И ВО ТРЧАЊЕ

/

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје почна со реализирање на две виртуелни трки, Виртулен Прв до врв и Virtual Spring Run, како замена за традиционалните трки, што се стопирани заради актуелната пандемија, пренесува Плусинфо.

Како што соопштија денеска организаторите, Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот настан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во согласност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заедничкото рангирање со останатите учесници.

Посочуваат дека настанот ќе трае од 1 до 31 мај, по што ќе бидат прогласени победниците кои оствариле најдобри времиња.

– Virtual Spring Run е пролетна лига во трчање која ќе се одржува седум недели (кола) почнувајќи од 4 мај, па до 21 јуни. Учесниците ги имаат на располагање дисциплините на 5000 метри, 10000 метри и полумаратон. Остварениот резултат и рангирање носи соодветен број на бодови, чиј збир на крајот од лигата ќе ги победниците, поточно оние кои освоиле најго-лен број бодови. Секоја дисциплина се рангира посебно. И тука, секој учесник ја реалзира својата спортска активност индивидуално и со почитување на пропишаните мерки за избегнување на групирање – информираат од здружението.





Претходна статија

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА КОИ ЌЕ ВАЖАТ ЕДНА НЕДЕЛА

Следна статија

ОЧЕ, ВИЕ СТЕ ЗА КЕЦ ГО СПОРЕДУВАТЕ ГОЦЕ СО ЕДЕН КОМУНИСТИЧКИ КАСАП

Најново од Вести