ПРВ ФЕСТИВАЛ НА СВЕТЛОСНА УМЕТНОСТ ВО СКОПЈЕ

//

На шести октомври годинава Старата скопска чаршија биде местото каде за прв пат во македонија се одржува фестивал на светлосна уметност. Оргганизаторот, Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) Скопје, за таа цел ги повикува сите заинтересирани да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе трае до 20 овој месец.

На фестивалот се предвидени да учествуваат уметници од земјата и странство кои се занимаваат со светлосна уметност, светлосни инсталации, видео-арт технологијата како и уметници/автори кои го користат светлото како начин на визуелно и уметничко изразување.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да побараат делумна или целосна продукциско-финансиска поддршка, самостојно или во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на културата, науката и/или технологијата.

Во пријавата заинтересираните кандидати задожително треба да достават: наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција, фотографии и/или видео од делата доколку биле претходно изложени, потребна опрема за реализација на делото, професионално портфолио и кратка биографија.

За добивање на финансиска поддршка, покрај пријавата, заинтересираните физички и правни лица треба да аплицираат со инвентивен уметничко-светлосен концепт, како и да имаат најмалку три реализирани проекти од областа на светлосната уметност или креативните индустрии.



Сите заинтересирани кандидати потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот е-маил на фестивалот lightfestival@univerzalna.com.mk, во адресиран плик по пошта до Конгресен центар „Александар Македонски“ на адреса булевар „Партизански одреди“ 45 или лично во архивата на Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Извор: МИА

Претходна статија

СТЕЈТ ДИПАРТМЕНТОТ СО ПОФАЛБА ЗА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

КАРАКАЧАНОВ БАРА РЕАКЦИЈА ОД БУГАРСКОТО МНР ЗА ИЗЈАВАТА НА ЗАЕВ ДЕКА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Е МАКЕДОНСКО

Најново од Вести