ПУКАЊЕ ВО СТУДЕНИЧАНИ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

/

Во полиција вчера околу 16.00 часот е пријавено дека на сретсело во село Студеничани, во близина на Општина Студеничани, по претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од село Студеничани, кој бил со патничко возило „рено”, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди”, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од село Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55), пренесува Канал 5.

Повредени лица нема, информираат од МВР. Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди”.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Претходна статија

СЗО: НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА АНТИТЕЛАТА ПОДРАЗБИРААТ И ИМУНИТЕТ НА КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

БИЛ УАПСЕН СО УКРАДЕНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Најново од Вести