Путин и Ердоган ќе ја зајакнат координацијата во борбата против тероризмот

//

Претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган се согласија да ја зајакнат координацијата меѓу армиите и службите на двете држави во Сирија во борбата против тероризмот.

Ова станува јасно од соопштението на Кремљ цитирано од Ројтерс и ТАСС.

За време на својот телефонски разговор двајцата исто така разговарале за новите договори на Русија, Турција и Иран во Сирија.



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е разгледана можноста за одржување на состанокот меѓу тројцата лидери, но сеуште не е договорен датум. Според турските медиуми, следната претседателска средба ќе биде во Истанбул.

Ердоган изразил сочувство до Путин во врска со смртта на рускиот пилот Роман Филипов, кој загина на 3 февруари во Сирија.

Претходна статија

Ристе и Влатко „го видоа“ светот, но проблемите остануваат

Следна статија

Собраниска делегација на 14-тиот состанок на мешовитиот парламентарен комитет

Најново од Вести