|

Путин призна: „Вагнер“ беше целосно финансиран од руската влада

Русија целосно ја финансира групата „Вагнер“, објави рускиот лидер Владимир Путин на средбата со военото раководство во Кремљ.

„Сакам да истакнам и сакам сите да го знаат ова: целата групација ‘Вагнер’ беше целосно финансирана од државата. Од Министерството за одбрана, од државниот буџет, целосно ја финансиравме оваа групација“, рече претседателот.

Според него, од мај 2022 година до мај 2023 година властите на „Вагнер“ му платиле 86,262 милијарди рубли (околу една милијарда евра).

„Се надевам дека никој ништо не украл или дека не било многу, тоа ќе го разјасниме“, додаде рускиот лидер.

Руската влада долго време негира дека има некаква врска со „Вагнер“.

Ноќта на 24 јуни единиците на групата „Вагнер“ го окупираа штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон. Евгениј Пригожин ги обвини руските вооружени сили дека наводно извршиле напад врз базите на „Вагнер“, тоа го демантираа Министерството за одбрана и ФСБ.

Претходно денеска, Путин во разговор со припадници на безбедносните служби рече дека ја прекинале граѓанската војна.

Путин синоќа ги повика борците на „Вагнер“ да потпишат договор со руското Министерство за одбрана или да се вратат дома или да заминат во Белорусија и додаде дека повеќето борци на таа група се патриоти, кои биле манипулирани.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во вторникот соопшти дека ќе се откаже од случајот против „Вагнер“ откако нејзините борци извршија обид за државен удар во саботата, кој ѝ се закануваше на владата.

Путин исто така соопшти дека вооружените сили на Украина изгубиле 259 тенка и над 700 оклопни возила од почетокот на контраофанзивата.

Само во правецот Ореховски, кој Киев го смета за главен, за седум дена непријателот изгубил 280 парчиња воена опрема, вклучително и 41 тенк, прецизира Путин.

Слични Објави