РАБОТИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ЖЕНАТА СО ХОРОСКОПСКИ ЗНАК РАК

/

Жените претставници на знакот Рак се познати по нивната голема трпеливост. Тие лесно простуваат но има работи кои не можат да ги проголтаат . Се опуштаат пред партнерот само кога ќе почнат да се чуствуваат сигурни во него. Жените Ракови сакаат стабилни, силни и сигурни мажи.

Жената Рак е силно приврзана кон своето семејство и пријателите. Нивна основна цел и нешто за што најмногу се борат е создавањето на хармонично и среќно семејство. Потребно е цел живот да им докажувате дека не сте направиле грешка кога точно нив сте ги избрале.  Понекогаш овие жени стануваат опседнати со својот партнер.

Жените кои го претставуваат Ракот се скромни и многу практични. Тие не сакаат скапи подароци туку  искрени чувства. Тие се многу чудни, не сакаат да бидат критикувани, лесно се навредуваат и не прифаќаат одбивања.
Овие жени секогаш се сомневаат во нивните квалитети. Тие се плашат дека не се доволно убави, паметни, добри во нешто… Жената Рак често се однесува како мајка со своите другарки и таа е подготвена на сè за нив. Оваа жена  ќе им помогне дури и кога таа лично има посериозни проблеми.

Жената Рак е колеблива и плашлива, но кога станува збор за некој од семејството или пријател, таа не знае страв. Никогаш не би предала некого во тежок за него момент. Тие не ја поднесуваат нетактичноста и нечувствителноста,  бидејќи секогаш се ставаат на местото на човекот наспротив нив и се стремат да не го навредат некако. Не ги поднесуваат луѓето кои што омаловажуваат или пак користат непријатни шеги. Мразат манипулатори бидејќи тие самите се многу чесни и искрени и секогаш бараат она што го даваат а тоа е ИСКРЕНОСТА.



Бидете внимателни при комуникација со женските припаднички на знакот Рак. Тие се трпеливи  и доста мирни се додека не бидат предизвикани. Ако се чувствуваат загрозени од нешто ќе „се сокријат“ во моментот и ќе молчат. Кога ќе помине „бурата“ на многу интелегентен начин со тивок тон ќе ви кажат каде сте згрешиле ,на начин кој ќе ве доведат до степен на каење што воопшто сте „фатиле работа“ со нив.

Ако некако сте ги освоиле, секогаш ќе можете да се потпрете на нив . Обидете се да не изгледате лицемерно или пак нечувствително . Ако ве сакаат, тоа ќе е за цел живот. Ако сте непријатели со нив очекувајте сурова одмазда. Тие не забораваат ниту по десет години се додека не ви вратат. Никогаш први не се задеваат и секогаш гледаат недоразбирањата да ги решат на мирен начин. Ако погрешиле вистински се каат и знаат да се извинат.

Претходна статија

ЧИЧКО КУМПЛУНГ ГО ПОЗДРАВИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА ДОКТОРАТОТ

Следна статија

ТАЖНАТА ВИСТИНА ЗА МОДЕРНОТО ОПШТЕСТВО (ФОТОГРАФИИ)

Најново од Магазин