|

Радев го свикува Советот за безбедност на Бугарија поради Ковид-19 и мигрантскиот притисок на границата со Турција

Две огромни закани за Бугарија ќе бидат тема на Консултативниот совет за национална безбедност под претседателот Румен Радев. Тоа се – претстојниот четврти бран на коронавирусот и мигратскиот притисок, јавија бугарските медиуми.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев за 16 август свика состанок на тема „Потребни финансиски мерки за надминување на потенцијалната здравствена и социо-економска криза од пандемијата Ковид-19. Мерки за спречување на зголемениот миграциски притисок преку границата на Република Бугарија со Република Турција“, соопшти Кабинетот.

Извор: zoom.mk

Слични Објави