Рамуш Харадинај: Нема да го укинеме специјалниот суд за Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за „Дојче веле“ ја отфрли можноста за укинување на специјалниот суд на Косово.
Харадинај изјави дека специјалниот суд постои бидејќи е основан со одлука на парламентот на Косово, одредени пратеници имаат идеи за измени на процедурите, кои нема да донесат со себе запирање на работата на специјалниот суд.
Харадинај нагласи дека тој не се плаши од овој суд и покрај тоа што кај многумина постои вознемиреност.