РАСПОРЕД НА ОНЛАЈН-ПРЕТСТАВИ НА СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР ДО ПЕТОК

Скопје танцовиот театар од вчера во 18.30 часот почна на јутјуб канал да емитува бесплатно онлајн-претстави во сопствена продукција и го објави распоредот на премиерните изведби кои ќе ги прикаже до петок, 27 март.

Од 18.30 часот денеска ќе бидат прикажани претставите „w r o n g” и „Sketch” во кореографија на Адријана Данчевска.

Во наредните три дена во истиот термин публиката ќе има можност да ги гледа и: „Луцидниот Јос“ во кореографија на Дејан Битровски и „Котел“ и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин (25 март); „Ноември“ и „Flesh and bone” на гостинот кореограф Симон Кубан од Чешка (26 март) и „Идентитети“ во кореографија на Рисима Рисимкин (27 март).

Претставите се во изведба на танчари од театарот и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.