| |

РАЗРЕШЕНИТЕ СУДИИ ВАНГЕЛОВСКИ И НЕДЕЛКОВА СО МЕЃУСЕБНИ ОБВИНУВАЊА

Двајцата поранешни претседатели на Врховниот суд, Јово Вангеловски и Лидија Неделкова, и двајцата разрешени од страна на Судскиот совет, денеска се соочија во Кривичниот суд на судскиот процес којшто се води против Вангеловски за злоупотреба на службената положба и овластувања, јавува Слободен печат.

Вангеловски тврди дека бил во право што не ѝ исплатил додаток на плата на Неделкова, обвинувајќи ја и дека не заслужувала ниту плата поради неоправданото отсуство од работа и како аргумент плус го наведе тоа што една од причините за нејзиното разрешување, по негова претставка, беше тоа што не одела на работаНеделкова пак најавува докази дека баш тој период и бил исплатен додаток на плата.

Против Вангеловски се води судски процес оти на Неделкова не и исплатил надомест на плата од 500 евра. Вангеловски беше меѓу првите судии кои беа разрешени, а неодамна Судскиот совет ја разреши и Неделкова.

Слични Објави