РЕАЛ МАДРИД СЕРИОЗНО ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА АНГАЖМАН НА НЕЈМАР

/

Долго време се шпекулира дека Барселона сериозно размислува во своите редови да го врати Нејмар кој пак дефинитивно сака да си замине од ПСЖ.

Трансферот секако нема да биде евтин и лесен за реализација, меѓутоа желбата на Нејмар да си замине од Париз би можела да ги натера челниците на ПСЖ да прифатат и нешто пониска понуда.

Освен Барселона, сега „Скај Спортс“ пишува дека и Реал Мадрид сериозно се вклучил во трката за ангажман на бразилскиот фудбалер.

Доколку не успеат да го реализираат трансферот на Погба, „кралевите“ со сите сили ќе тргнат по услугите на Нејмар.



Се уште на адреса на ПСЖ не е стигната ниту една официјална понуда, а се верува дека и Барселона и Реал Мадрид во евентуалните понуди ќе вклучат некој од своите фудбалери со цел да ја намалат цената за играчот.



Претходна статија

КИНОТО ВО „ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЗГРАДА“СЕ ОТВОРА ЗА ЈАВНИ НАСТАНИ СО ФОКУС НА КУЛТУРАТА

Следна статија

ФОКУС: СУДЕЊЕТО ЗА ЛАТАС СЕ ОДЛОЖИ, НЕМАШЕ КОЈ ДА ПУШТА „БОМБИ“ ВО СУДНИЦА

Најново од Истакнато