Реализирано подводното културно наследство во Охридското Езеро
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот „Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.
Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со подводното културно наследство во Охридското Езеро.
– На прикажаното видео можат да се погледаат подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов Град“. Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век н.е.), информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Проектот е финансиран од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.
Извор: makpress.mk