Речиси половина Грци немаат проблем со користењето на терминот Македонија во нашето име

45 отсто од Грците го прифаќаат терминот “Македонија” во новото име на Република Македонија. Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување на агенцијата “Прората” на Институтот за алтернативни политики ЕНА, кои се објавени во денешниот број на весникот “Етнос”. 23 отсто од испитаниците изјавиле дека се “исплашени” од можноста во новото име да го содржи терминот Македонија. 14 отсто рекле дека се срамат да бидат Грци, а 13 отсто се рамнодушни кон ова прашање. 5 проценти од испитаниците одбиле да одговорат на прашањето. 87 од испитаниците ја посочиле Турција како најнепријателска земја, а 45 отсто – Република Македонија. 10 отсто од Грците веруваат дека Бугарија се однесува непријателски кон нив, а 70 отсто го делат спротивното мислење.  69 отсто од анкетираните не гледаат во Македонија закана за територијалниот интегритет на Грција. На прашањето “Кој е најважниот проблем пред грчката надворешна политика” 46 отсто одговориле дека тоа се односите со Турција. За 34 проценти тоа е проблемот со бегалската криза, а за само пет отсто – спорот за името на Република Македонија.

Слични Објави