РЕГИОН ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОЧИНАА ВО БИХ ОД ЗДРАВСТВЕНИ КОМПЛИКАЦИИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ВИРУСОТ

/

Уште четири лица починаа во Босна и Херцеговина викендов поради здравствени компликации предизвикани од коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 76.

Сите четири смртни случаи повторно се врзани за Бања Лука. Во изјавата на Клиничкиот центар во градот се потврдува дека починале двајца мажи и две жени кои биле лекувани таму.Најмладиот пациент имал 47 години, а најстарата жртва е жена која починала на 78-годишна возраст.

Сите починати живееле во поширокото подрачје на Бања Лука, град кадешто е забележано најголемо појавување на епидемијата. И покрај сè построгите ограничувања, вклучително и целодневен полициски час овој викенд, бројот на заразени лица расте многу побрзо отколку во Федерацијата на БиХ, каде што овие мерки се многу поблаги.



Извор: Макфакс

Претходна статија

117 ГРАЃАНИ УПАТЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС

Следна статија

ДОСЕГА СЕ ИЗЛЕКУВАНИ 852 ЛИЦА ОД КОВИД-19, ВО ШЕСТ ГРАДОВИ НЕМА ПОВЕЌЕ АКТИВНИ СЛУЧАИ

Најново од Вести