Рекорден број аплицирани дози: Желбата за вакцинација многу охрабрува

/

Епидемиолошката состојба во земјава е стабилна, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вчера повторно имавме рекорден број аплицирани дози во еден ден, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува.

За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира. Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. Вакцинирај се без закажан термин – потенцира министерот.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 62 отсто од населението над 70 години, 59 отсто од оние над 65 години, 54 отсто од граѓаните над 60 години и 44 отсто од лицата над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.



Теренската вакцинација денеска се одвива во следните населени места:

Тетово – Речица, Г.Речица, М.Речица, Калник, Чифлик

Струга – Д.Белица, Враништа

Битола – Ѓавато, Маловиште

Берово – Смојмирово

Претходна статија

На локалните битка на две коалиции? – ВМРО-ДПМНЕ најавува можна коалиција со Алијанса/Алтернатива

Следна статија

Крсте Мисирков- од икона на македонизмот до вистински Бугарин

Најново од Вести