| | |

РЕПУБЛИКА СЕНДВИЧ МАКЕДОНИЈА

Како се нарекува идентитетот на народ што дозволува да го шетаат по жешково за да добие еден сендвич со салама за кучиња и кашкавал напраен од кори за јајца, соја и љупки од компир…?

За едно треба да им се пушти рака на социјалдемокративе, ги научија лекцииве што Фамилијата им ги делеше 11 години. Сега улогите се сменети наместо црвените овци, се бројат сините. Таков е редот и никој не се лути. Морковот е во рацете на Заев, а за истиот морков пак, Мицкоски клечеше во Штип. За овците од двете страни на барикадата нема моркови, за нив има само евтини сендвичи, а тој што ги испорачал ќе јаде морски плодови со парите што ќе му останат за „свети џеб“.

Прееска ја гледам онаа карикатура Пандов, како вози по „Борис Трајковски“ и нешто се прави духовит. Па нешто се фолира, така ли во Европа ќе се идело, па се смешка, па продава муда за бубрези. Тој најде да ги заебава комуњарите за автобусите од цела Македонија, демек ние не знаеме од кај видоа како се носат луѓе во главниот град на Република Сендвич Македонија.

Народот ко народ секогаш е расположен за гага вожња. Тука нема дилема, без разлика на тоа кој му ја нуди. Истиот тој народ се надевам еден ден ќе сфати дека додека си го продава слободното време евтино (за можно вработување, договор на неопределено или пак едноставно сендвич), нема ни да добие нешто поскапо.

Бројте ги овците, ама не заборавајте дека овците се опасни и вредат нешто само ако ги водат лавови, а јас за жал немам видено ни еден лав да излезе на било која од бините на статус квото. Сето мачиња.

Автор: Батко Тане

Слични Објави