РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА АНГЕЛ ПЕТРОВ ВО ВЕЛЕС

Во Ликовниот салон во Велес денеска, 11 мај, во 19 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на дела од академскиот сликар Ангел Петров …

Во рамки на изложбата која се реализира по повод 60 години од творештвото на Петров, ќе бидат презентирани над 100 дела од петте ликовни фази на уметникот: пејсажи, актови, коњи, портрети и стара велешка архитектура, работени во повеќе ликовни техники како масло на платно, акрилик, пастел, комбинирани техники.

Ангел Петров е роден во Велес во 1933 година. Дипломирал на Академијата за применета уметност Скопје во1962 година, каде студирал во класата на професорот Винко Грдан. Петров има реализирано 44 самостојни изложби, а учествувал и на над 200 групни изложби во земјата и во странство. За своето уметничко творештво тој е добитник на повеќе награди и признанија.

Изложбата ќе биде отворена до 25 мај.

Слични Објави