Резултати по Kонкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година

/

Министерството за култура на Република Македонија ги објавува резултатите од Kонкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година….

На Конкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година, кој во функција на стимулација на творештвото од областа на класичната музика се објави во април 2017 година, пристигнаа 32 апликации во повеќе категории. Согласно евалуацијата направена од стручната комисијата формирана од министерот м-р Роберт Алаѓозовски во состав: Марко Коловски- музиколог, Теута Халими Селмани- професор на ДУТ Тетово и Васо Ристов – професор на ФМУ Скопје, на Конкурсот за откуп во 2017 година, наградени се 19 композиции во вкупен износ од 3.280.000 денари, коишто се распределени во 12 категории и тоа:

Во категоријата Композиција за мелодиски инструмент – дувачки, стручната комисија додели една награда: I награда на композиторот Благој Цанев во висина од 40.000 денари;
2. Во категоријата Композиција за хармонски инструмент стручната комисија додели две награди и тоа: 1 награда за композицијата на композиторот Никола Коларовски во висина од 45.000 и втора награда на композиторот Јана Андреевска Димитровска во висина од 40.000 денари
3. Во категоријата Композиција за мешан хор стручната комисија додели две награди и тоа: 1 награда за композицијата на композиторот Андреј Блажевски во висина од 60.000 денари и втора награда на композиторот Валентина Велковска Трајановска во висина од 55.000 денари
4. Во категоријата Композиција за квартет стручната комисија додели една награди и тоа: 1 награда на композиторот Драган Стојков во висина од 70.000 денари;
5. Во категоријата Композиција за дувачки квинтет, стручната комисија додели две награди и тоа: 1 награда на композиторот Валентина Велковска Трајановска во висина од 80.000 денари и втора награда на композиторот Горан Начевски во висина од 70.000 денари;
Во категоријата Композиција за камерен состав од шест до девет инструменти стручната комисија додели три награди и тоа: прва награда на композиторот Ана Пандевска во висина од 100.000 денари, втора награда композитот Андреј Блажевски во висина од 90.000 денари и трета награда на композиторот Бојана Петровиќ Алексова во висина од 80.000 денари;
Во категоријата Музичко – сценска композиција за Танец стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Тодор Трајчевски во висина од 260.000 денари;
Во категоријата Композиции за оркестар стручната комисија додели три награди и тоа прва награда на композиторот Филип Ивановски во висина од 180.000 денари, втора награда на композиторот Илија Б. Илиевски во висина 150.000 денари и трета награда на композиторот Ана Пандевска во висина од 120.000 денари;
Во категоријата Композиции за солист и оркестар, (дувачки инструмент, глас, перкусии) стручната комисија ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот Панде Шахов во висина од 240.000 денари;
Во категоријата Композиции за Детски циклус за оркестар стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Филип Иванов во висина од 300.000 денари;
Во категоријата Композиции за Мјузикл за деца стручната комисија додели ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот Никола Димушевски во висина од 400.000 денари;
Во категоријата Композиции за Балет стручната комисија додели ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот Сони Петровски во висина од 900.000 денари;
Заради неисполнување на техничките предуслови, стручната комисија ги дисквалификува следните композициите со следните образложенија:

– Шифра А256В се дисквалификува согласно точката 6 од Конкурсот – Начин на доставување пријави на Конкурсот, односно во документацијата не е приложен звучен запис (миди фајл, компјутерска демо – снимка) од делото.

– Шифра BRAVO се дисквалификува согласно точката 6 од Конкурсот – Начин на доставување пријави на Конкурсот односно во документацијата не е приложен звучен запис (миди фајл, компјутерска демо снимка) од делото.



– Шифра Поле се дисквалификува согласно точката 6 – Начин на доставување пријави на Конкурсот, односно на ниедна од страниците од партитурата, не смее да биде запишано името на композиторот или каков било знак кој упатува на идентитетот на композиторот. Земајќи предвид дека на две места во дигиталната партитура беше напишано името на композиторот, стручната комисија не ја зема предвид композицијата при евалуацијата.

Согласно со критериумите на Конкурсот објавени во точката 4 од Конкурсот за откуп на музички композиции, Композициите во категориите XIV–XVII, за да можат да се квалификуваат за натамошно одлучување, потребно е да освојат повеќе од 60% од вкупниот број бодови. Композициите во категориите I–XIII, за да можат да се квалификуваат за натамошно одлучување, потребно е да освојат повеќе од 40% од вкупниот број бодови. Земајќи предвид дека комисијата годинава беше е составена од три члена, вкупниот максимален број на освоени бодови на една композиција може да достигне 30 бода. Согласно со пропозициите на Конкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година, точка 4 од Конкурсот – Критериуми, максималниот број на потребни бодови за квалификација за натамошно одлучување кај композициите од I-XIII категорија изнесува 12 бодови, односно 18 кај композициите кои се аплицирани во категориите XIV до XVII.

Оттука, комисијата констатираше дека композиции што не се квалификуваа за награди поради неосвојување на потребен минимален број на бодови (12 бодови за композиции пристигнати во I-XIII категорија, односно 18 бодови за композиции во категориите XIV-XVII), се следните: композициите пристигнати под шифра ДЕВЕТ, 7405G, SGАP8, ПАНДА.

Воедно, стручната комисија, согласно поставеноста на Конкурсот, констатираше дека иако одреден број на композиции имаат освоено доволен број на минимални бодови, истите не успеаја да се квалификуваат за награда заради тоа што во истата категорија се наградени композиции со освоени повеќе бодови, како и заради доделувањето на само една награда во одредени категории (XVII и XIV). Во таа смисла, композиции со освоени потребни бодови, а ненаградени беа композициите пристигнати под шифрата : ДЕСЕТ, 68VEF, 10203, Раn, ДЕЦ01.

Претходна статија

САД ги предупреди граѓаните: Бидете внимателни во БиХ

Следна статија

​​Бурa предизвика хаос во Холандија, откажани сите летови од аеродромот во Амстердам

Најново од Вести