РИСТОСКА: СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА СЈО ЌЕ БИДАТ ПРОШИРЕНИ

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска за време на конференцијата организирана од Институтот за европска политика посветена на поглавјето 23 изјави дека се надева надлежноста на СЈО да биде проширена на случаите од висока корупција. Таа додаде дека СЈО и понатаму ќе отвора истраги, но за тоа да се случи ќе биде потребно законско решение за измена на законодавството за да се осигура дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа.