РИСТОВСКИ ДОБИ НОВ ТРЕНЕР КОЈ НЕМА НИКАКВА ЛИЦЕНЦА, А ГО ЧИНИ СПОРТИНГ – 10 МИЛИОНИ ЕВРА!

/

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски денеска доби нов шеф и тоа во Рубен Аморим, досегашниот тренер на Брага, кој за 10 милиони евра со комплетниот свој стручен штаб се сели во редовите на Спортинг Лисабон.

„Лавовите“ денеска со соопштение до медиумите објавиле дека го откупиле Аморим со соработниците Емануел Феро и Тијаго Фереира и тие веднаш го преземаат главниот тим на Спортинг.

Интересно, Аморим е тренер кој нема УЕФА Про-лиценца која е задолжителна за тренери во најсилната лига и во Европа, ама тоа што е интересно, тој нема ниту А-лиценца. Сепак, успехот на Аморим со Брага во последниот период, па Спортинг не ги жалеше ич тие пари за да го донесе.

Ова е трет најголем трансфер на еден тренер, а на врвот на листата се Брендан Роџерс и Андре Вилаш Боаш. Роџерс за 11 милиони евра дојде во Лестер од Селтик, додека Вилаш Боаш за 15 милиони замина од Порто во Челси.



Под палката на Аморим, Брага на 13 меча запиша 10 победи, две ремија и еден пораз.

Извор: Спорт1



Претходна статија

СПАСОВСКИ: ПОДДРШКА ОД АВСТРИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ПРЕПОРАКА ДО ВЛАДАТА НЕОДРЖУВАЊЕТО НА ЈАВНИ МАСОВНИ СОБИРИ И СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ДА ПРОДОЛЖИ ДО 13 МАРТ

Најново од Вести