Ромите протестираа пред Град Скопје, велат Шуто Оризари заборавена општина
Движењето Аваја, составено од млади интелектуалци и идеолози, се приклучи на вчерашниот марш и протест организиран пред општината на Градот Скопје. Заедно со организаторите и заедницата од Шуто Оризари, обединети под мотото „заборавена општина“, го искажаа незадоволството во однос на буџетските вложувања кон општина Шуто Оризари од страна на Градот.
Иако во насока на рамномерен регионален развој, Градот Скопје треба да насочи поголеми инвестиции и буџет за општина Шуто Оризари, тоа не се случи и оваа година. Поради тоа, Аваја се придружува кон реакциите, барајќи вложувањата во Општина Шуто Оризари да се однесуваат на вистинските потреби и потенцијалот на заедницата.
Аваја застанува со поддршка на потребите на заедницата и во моменти на заедништво, ја истакнува можта на соединетиот глас на Ромите. Со вакви заеднички делувања на политичките чинители од ромскиот блок, испраќаме порака дека нашата најголема вредност е заедницата и нејзиниот потенцијал.
Извор: zoom.mk