| |

Русите со ирански дронови ја нападнаа Одеса, 1,5 милиони луѓе во темница (ВИДЕО)

Украинскиот град Одеса е во мрак.

„Поради масовниот напад на руските беспилотни летала врз електроенергетскиот систем, милион и пол жители на Одеса останале во мрак“, тврди украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Русите со дронови ја напаѓаат Одеса. Жестоки борби се водат околу Бахмут и Авдеевка, а руските трупи, како што вели Москва, напредуваат кон Лиман. Денеска е 291 – от ден од почетокот на војната во Украина.

Според извештаите, уништени се 10 од 15 дронови, пренесува Unian.

Дроновите биле соборени над регионите Херсон, Николаев и Одеса.



Слични Објави