Руската инвазија врз Украина приоритет на Северна Македонија во претседавањето со ОБСЕ
Справувањето со војната во Украина и изнаоѓање на, според најавите, креативни решенија за да и се помогне на земјата, бидејќи одлуките во ОБСЕ се носат со консензус, а членка е и Русија се приоритетите на македонското претседавање.
Оваа година е најпредизвикувачка за ОБСЕ во чиј фокус ќе биде конфликтот во Украина е пораката која може да се извлече по денешната седница на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на која беше презентирана програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација. На иста маса во организацијата седат 57 земји членки, меѓу кои и Русија и Украина кои војуваат од 24 февруари, минатата година.
„За нас е многу важно да ја испратиме пораката дека пред било кој процес на суштински дијалог со Русија и Русија мора прво да се врати на заложбите и принципите кои сама ги има поддржано кога ја имаме основано оваа организација, бидејќи ако почнеме да правиме компромиси со основните вредности на кои што се темели оваа организација тогаш организацијата ќе ја изгуби смислата“, рече Османи.
Извор: zoom.mk