| | | |

САД и Русија можат да почнат нов нуклеарен натпревар

По преземањето на функцијата во јануари минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп распореди државниот секретар за одбрана на САД, Џејмс Матис да  подготви извештај за состојбата на нуклеарното оружје во земјата, со цел да го образложи патот за стратегијата на администрацијата на Трамп во таа сфера. Документот ќе биде
објавен наскоро, иако разговорите за намалување на нуклеарното оружје на глобално ниво се во тек, тоа ќе им даде на САД повеќе можности да го користат овој вид оружје. Извештајот зборува за додавање на две нови нуклеарни оружја во американскиот арсенал и намалување на прагот на барањата кои се потребни за употреба на нуклеарно оружје.
Иако сеуште не е објавен, нацртот на документот се појави во медиумите минатата недела. Најголемиот дел од извештајот има за цел да му покаже на светот или поспецијално на Русија и Северна Кореја дека секоја одлука за употреба на нуклеарно оружје против САД или нивен сојузник, ќе предизвика сериозни контрамерки од страна на Вашингтон. Ова е цврста стратегија што треба да ја прифатат и двете политички партии во Конгресот бидејќи всушност спаѓа во основните тактики и политики во областа на нуклеарното оружје.
Но, документот има и лоши страни. Не кажува како да се стави крај на циклусот “акција-контраакција” меѓу Русија и САД. Единствено се споменува контролата на оружјето за масовно уништување и дипломатскиот ангажман за намалување на ризикот од употребата на нуклеарното оружје се наоѓаат на крајот на документот и оставаат впечаток дека се вклучени само колку да ги има. За разлика од последниот извештај во претходните извештаи се вели дека контролата на оружјето може да ја постигне стратегиската стабилност и да ги зајакне светските стандарди против употребата на нуклеарни бомби. Договорите  за ограничување на оружјето за 2010 година меѓу САД и Русија (подобро познати како СТАРТ) се правно обврзувачки, со што се контролира натпреварот во создавање на нуклеарно оружје, а исто така е еден од ретките билатерални договори кои сé уште се во сила. Според него, двете држави имаат право на не повеќе од 1.550 нуклеарни глави. Спротивно на тоа, договорот за ограничување на ракетите земја- воздух со среден дострел, потпишан во 1987 год, се наоѓа на стаклени нозе  бидејќи двете земји покажуваат дека се подготвени да се повлечат од споразумот во секој момент. Според Вашингтон, Русија ги прекршува договорите, од друга страна Москва ги негира тие тврдења и ги обвинува САД. Можна повреда на договорот за ограничување на ракетите со среден дострел од страна на Русија, исто така, им дава право на САД да не се придржуваат кон одредени ангажмани. Многу е веројатно новата американска стратегија, да се обиде да ги прекине некои договори, оправдувајќи се со активностите на Русија. Во истото време, Русија е во процес на обновување на поголемиот дел од советскиот нуклеарен арсенал, вклучително и
мобилни интерконтинентални балистички проектили и нова флота од нуклеарни подморници. САД, од своја страна, неодамна лансираа програма за модернизацијата на нивното нуклеарно оружје која чинеше трилиони долари. Всушност, извештајот на Матис најверојатно ќе продолжи по истиот пат. Проширувањето и модернизацијата на нуклеарните подморници се само еден сегмент. Оваа трка за тестирање на вооружувањето негува нов опасен тренд кој им се заканува на САД и на Русија на два начина.
Првиот начин може да ги стави двете земји во циклусот “акционен контраст”. Секој од нив ќе претставува ново оружје, а другиот обидувајќи се да ја претстави својата верзија, ќе повлече со себе нов момент „акција-контрареакција“ и влез во трката за вооружување. Втората опасност е, всушност, поголемата закана. Таа се однесува на модернизацијата на нуклеарниот арсенал. Договорот помеѓу Роналд Реган и Михаил Горбачов од 1987 година, што имаше за цел елиминација на ракетите со среден дострел, се наоѓа пред прекршување. Желбата на Русија да создаде нова генерација такви оружја, комбинирано со повикот на Матис за државно финансирање на нова нуклеарна ракета,
која би можела да биде лансирана од брод, ризикува да ја создаде истата опасност, што се избегнуваше со договорот од 1987 година. За сето ова нема решение во извештајот за состојбата на нуклеарното оружје или барем решението не е објавено во неговиот нацрт. Не постои ни повик за обновување на Спогодбата за ограничување на нуклеарниот арсенал од 2010 година, која истекува во 2021 година. Новите американско-руски нуклеарни “односи” покренуваат некои сложени прашања кои имаат многу малку едноставни решенија. Поминаа седум години откако двете земји го потпишаа последниот договор за нуклеарна забрана, а потоа дијалогот на оваа тема исчезна. Ова е најдолгата пауза од кубанската нуклеарна криза досега.

Автори: Ричард Берт и Џон Офтал



Слични Објави