САД му се заканија на Иран, дека ќе излезат од нуклеарниот договор

//

САД објавија дека ќе го прекинат своето учество во нуклеарниот договор со Иран, ако не се направат одредени промени.

„Ако овој пат другите земји не преземат ништо, јас ќе го прекинам договорот со Иран“, се вели во изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, распространета од Белата куќа вчера.
Тој, исто така, ги повика сојузниците на Вашингтон да ја објават либанската шиитска партија Хезболах за терористичка група и да го прекинат финансирањето на т.н. „ Исламска револуционерна гарда (елитни делови на иранските вооружени сили), а исто така и финансирањето на “сите што му помагаат на Техеран да го поддржува тероризмот”.





Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Апелација е гола политичка конструкција

Следна статија

Објаснување на „спорните“ моменти во Истанбулската конвенција

Најново од Вести