Сали: Приоритет ќе ми биде превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги

/

Новиот министер за здравство, Беким Сали се огласи по примопредавањето на функцијата од страна на неговиот претходник, Венко Филипче. Министерот е длабоко свесен за огромната одговорност што ќе ја има, особено во период во кој што се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици.

-Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу здравството какво што е и здравството какво што сакаме да биде. Ќе продолжам таму каде што застанале моите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано. Ќе сторам се’ што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале, објави Сали.

Според новиот министер за здравство, создавањето силен здравствен систем за него претставува добро и сеопфатно дефинирање на проблемите и системските недоследности и координиран и навремен пристап околу решенијата.

-Приоритети во мојата работа како министер ќе бидат, пред се’, превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем и доброто раководење со нив, како и координацијата и конзистентноста во унапредувањето и спроведувањето на политиките на работа. Освен тоа бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал. Во сево ова клучна е координацијата и соработката на сите нивоа и со сите релевантни чинители. Работејќи заедно ќе си помогнеме и себеси и на граѓаните. Во ниту еден момент не смееме да заборавиме дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството.



Мојата работа ќе ја вршам максимално транспарентно, одговорно и со отворен пристап во комуникацијата со јавноста, а пред се’ со вас медиумите, кои што играте клучна улога во правилното, навремено и урамнотежено известување на граѓаните, објави Сали.

Беким Сали е стоматолог по професија и доаѓа од партијата Алтернатива. На последните локални избори, беше кандидат за градоначалник на општина Чаир.

Претходна статија

Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

Следна статија

Регистрирани 766 новозаболени од ковид 19, починале 15 лица

Најново од Вести