САМКА ИБРАИМОВСКИ: ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ДОНЕСОА МУДРА ОДЛУКА, МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА ВОЗАТ МЕРЦЕДЕС И БМВ, А НЕ МОСКВИЧ И ЛАДА

//

Ибраимовски им честиташе на Заев и Димитров за мудрата политичка одлука за договорот со Грција. Тој додаде дека Ромите ја подржуваат Спогодбата.

Економскиот раст треба да стои на нашето знаме, рече Ибраимовски. Оваа спогодба ни го отвори патот кон полето за натпревар. Ајде да се движиме напред. Ибраимовски го цитираше Гоце Делчев и неговата мисла за културниот натпревар меѓу народите.

Турете им пепел на шовинистите, кои не се залагаат за исти права за сите. За да ја донесеме Македонија овде ни треба едно столче во Брисел. Јас сум горд Македонец и горд Македонски Ром кој ја поддржува оваа спогодба. Ние ги гледаме македонските граѓани како возат Мерцедес и BMW, а не Москвич и Лада-изјави Самка Ибраимовски за време на ратификацијата на Договорот со Грција во македонското Собрание.



Претходна статија

МЕНДУХ ТАЧИ СЕ СОСТАНА СО ТРОЈЦAТA ПРАТЕНИЦИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Следна статија

ВЕСЕЛ МЕМЕДИ: ДОГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА МОЖАТ ДА БИДАТ ПРИМЕР ЗА РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА

Најново од Вести