САРА РЕЏИЌ СО ВИСОКА МОДА ЗА СЕКОЈ ТИП НА ЖЕНА

Забава Истакнато Магазин

Дека и жените со вишок килограми можат да бидат манекенки и да пленат со својот стил покажаа моделите на ревијата насловена „Феникс“ на дизајнерката Сара Реџиќ, која беше дел од последната ноќ на есенското издание на Моден викенд Скопје 2018/2019.

Постојат различни верувања за птицата Феникс. Опишан е како златна или шарена птица. Според некои составен е од најубавите делови од сите птици во светот а дефинитивно сите се согласуваат дека Фениксот е најубавата птица што некогаш постоела.
За мене е најинтересен фактот што Фениксот е бесмртен и секој пат повторно се раѓа од пепелта.
Мојата најнова колекција се вика Феникс, содржи 20 аутфити и е за сезона есен/зима. Целта ми беше сите работи кои според мене се многу убави и интересни да ги соберам на едно место, во една целина. Не се базирам на модните трендови, сакам безвременски парчиња кои и денес и после 10 години ќе изгледаат убаво, вели Сара во однос на инспирацијата за насловот на нејзината ревија.

Парчињата облека претставени на ревијата се изработени од природни материјали, памук и волна. Секое парче си има своја приказна.

Колекцијата ја подготвив за сезона есен-зима. Беа претставени 25 аутфити. Идејата на колекцијата е да ја представи убавината на различностите, бидејќи не сме сите исти. Меѓу моделите има парчиња за помлади и постари жени, а исто така и за plus size модели. Сакав дел од моделите да бидат представени од мои клиентки и пријателки, кои не се професионални манекенки, тие се согласија и се испадна прекрасно, се надевам дека и публиката остана задоволна- изјави за нашиот портал младата македонска дизајнерка Сара Реџиќ.

Меѓу другите во ревијата Феникс зедоа учество глумицата Јелена Мијатовиќ, естрадната уметничка Мијата и ликовната уметничка Гордана Винчиќ.

This slideshow requires JavaScript.