СЦЕНА НА АЛБАНСКАТА СЕРИОЗНА МУЗИКА, “ALBANIAN VOICE” ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ТЕТОВО

Сцената на албанската сериозна музика го донесува “Albanian voice” во Тетово. Концертот ќе се одржи на 13 мај (недела) 2018, со почеток од 19 часот во Центарот за култура во Тетово, под диригенство на Дритан Лушај, со солист на пијано Ардита Буфај и уметнички директор Абигеила Воштина…

На концертот во Тетово на 13 мај, публиката ќе може да види и фрагмент од балетот “Делина”, изведба на Милто Вако – “Април дојде, снегот се стопи” – (обработка, акапела), Тонин Харапи со “Пролета почна да дојде” (обработка, акапела) и сопранот Резарта Ќевани, изведба на Микел Количи на делото “Ларго” – женски хор од мелодрамата Црвен ред, Пренг Јакова со “Ние сме цвеќиња” и женски хор од операта “Скендербег” со солисти Резарта Кевани и Ивана Хоџа, делото „Круја, круја“ и хорот на мажи од операта „Скендербег“, и уште многу други настапи кои ќе ја воодушевуваат публиката таa вечер.



Слични Објави