СДСМ: 30-ТИ СЕПТЕМВРИ Е ВАЖЕН ДАТУМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Вести Истакнато Македонија

30 -ти септември е важен датум за земјоделците, за тутунарите, за да  направиме крупен исчекор преку кој ќе дојдеме до поконкурентно производство и сигурен пласман, 30- ти септември е историска можност која граѓаните, земјоделците треба да ја искористат и да гласаат за европско земјоделство и за европска Македонија, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска е во посета на Прилеп.

Николовски посочи дека тутунопроизводството е една од стратешките гранки во земјоделскиот сектор кој што добива силна поддршка од Владата на Република Македонија.

„Оваа гранка носи 100 милиони евра девизен прилив .Затоа уште на почетокот на мандатот, Владата донесе крупна историска одлука за зголемување на  субвенциите, така што  како што ветивме. Оваа година го воведовме моделот на зголемено субвенционирање во три нивоа односно,  за прво ниво 80 денари субвенција, за второ ниво 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи. Трудот на тутунарите се цени и се плаќа. На тој начин за дополнителни 5 милиони се зголемија субвенциите кои ги добија тутунарите почнувајќи од оваа прва година“, изјави Николовски.

Зголемените субвенции се исплатија навреме тогаш кога им беа потребни на тутунарите. Конкретно, 28 милиони евра се исплатија на над 26 илјади тутунари. Николовски потенцираше дека ова година се постигна и највисока откупна цена на тутунот од 217,6 денари за килограм,што е дополнителен поттик за тутунарите.

„Во овие неколку месеци меѓу првите закони кои се значајни, и кои носат позитивни мерки за тутунарите, е новиот Закон за тутун и тутунски производи, кој што е подготвен, се очекуваат последните мислења и влегува во владина процедура. Со овој нов закон од следната година, значително се олеснува административната процедура за тутунарите, нема поднесување на евидентни листови,  се создава административен софтвер во кои ќе се внесуваат податоците од страна на откупувачите“, изјави Николовски.

Министерот Николовски во рамки на посетата на Прилеп, имаше средба со градоначалникот Илија Јовановски, ја посети подрачната единица на МЗШВ, Тутунскиот комбинат Прилеп, а имаше и средби со тутунарите од прилепскиот регион, се вели во соопштението на СДСМ.