|

СДСМ бара објаснување од Мицкоски за кафеанското гоштевање

СДСМ преку партиско соопштение го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој како што велат тие „втор ден молчи за неговото скандалозно кршење на ковид проколите“.

„ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а Мицкоски крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

Според владејачката партија ова е вистинското лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува неодговорно и срамно.

Извор: zoom.mk

Слични Објави