СДСМ: Јасно како ден – Мицкоски е анти ЕУ политичар, ист како Груевски
Сега на сите им е јасно како ден: Мицкоски е анти ЕУ политичар. Ист како неговиот ментор и шеф Никола Груевски, велат од СДСМ.
– Груевски ја држеше земјата во изолација цели 11 години, надвор од ЕУ и НАТО. Христијан Мицкоски не гласаше за членство во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Сака македонскиот јазик да не биде дел од ЕУ, сака да ја блокира европската иднина, сега кога тоа е на дофат на целиот народ, на нашата земја, – додаваат од владејачката партија.